Besar Ademi
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Министерството за правда на Република Македонија денеска во Скопје се одржа консултативен состанок за нацрт-стратегијата за реформи во правниот сектор, стратегија подготвена од експерти од земјата и од странство, која има за цел да се развие судството во периодот од 2015 до 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Стратегијата, која ќе се реализира во текот на следните пет години е обработена со професионална поддршка и логистика од проектот ИПА 2010 за независно судство , одговорна, професионална и промотивна на условна казна и алтернативни мерки.
Македонскиот министер за правда Аднан Јашари вели дека оваа стратегија е подготвена за еден подолг период од една година од признати експерти во земјата и во странство. "Спроведувањето на оваа стратегија ќе се одрази и на идентификацијата на сите недостатоци, кои во одредени периоди од Европската комисија се сметаат недостатоци во правниот систем на Република Македонија", изјави министерот Јашари.
За прашањето на новинарите во врска со жалбите на адвокатите на членовите на вооружените групи во случајот на Куманово, кои се жалат дека има процедурални пропусти и немало конкретен доказ за тоа што тие се обвинети, вклучувајќи ја и тортурата врз нив, Јашари вели дека поседува информации од втора рака дека тортурата се користила при транспорт, но тие не се во надлежност на Министерството за правда, туку надлежност на Советот за судство и обвинителство.
"И јас имам непотврдени информации не од прва рака, но информации од различни извори, не внатре, но по завршувањето на постапката за време на транспортот наводно имало одредени прекршувања на човековите права, но има надлежни органи кои мора да проценат дали имало или не ", рече Јашари, потврдувајќи дека тој како министер не е надлежен во оваа фаза, но ќе бара точни информации од властите.