Halil Demir,Izzet Taskiran
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција уапси припадничка на терористичката организација ПКК, која била откриена при контрола на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на разузнавачки информации дека во Истанбул со авион ќе пристигне Ебру Фират, член на ПКК, турската полиција во успешна операција ја лиши од слобода бараната жена при нејзиното излегување од авионот.
Приведената Фират, која во терористичката организација ПКК се води под кодното име „Амара“, е предадена на надлежните органи.
Според разузнавачки информации, Фират пристигнала во Истанбул со цел да изврши терористички активности, додека пак на медиумите им е позната по фотографиите на кои стои до Мурат Карајилан, еден од лидерите на ПКК.