Aldıjana Hadzıc
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1781 - Британскиот астроном од германско потекло, Вилијам Хершел, ја забележа кометата која подоцна е наречена Уран.
1930 - Опсерваторијата на Универзитетот Харвард ја објави веста за откривањето на Плутон.
1940 - Со склучување на Московскиот мировен договор помеѓу Советскиот Сојуз и Финска е завршена т.н Зимска војна.
1975 - Почина добитникот на Нобелова награда, писателот Иво Андриќ. Нобеловата награда за литература за делото „Мостот на Дрина” ја доби во 1961 година.
1991 - Нафтената компанија Ексон се согласи пред американскиот суд да плати една милијарда долари за чистење на 35.000 тони нафта коишто во 1989 година се излеаа во близина на брегот на Алјаска, при несреќа на танкерот Ексон Валдес.
1992 - Во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го зафати Ерзинџан во источна Турција, загинаа 570 луѓе.
2008 - Златото на Њујоршката берза за прв пат во историјата достигна цена од 1.000 долари за унца (околу 28,35 грама).