Ekipa
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ГРАФИНГ (AA) - Лицето кое е упасено денес поради сомнеж дека рано утрово нападна патници на железничката станица во Минхен е германски државјанин и има 27 годони, потврдија баварските власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кен Хеиндих, портпаролот на обвинителот во Минхен рече дека напаѓачот "дал политички мотивирани коментари", во текот на нападот, во кој се ранети четири лица од кои една почина.
„Немаме информации дека напаѓачот е новодојден имигрант или дека е од мигрантско потекло, рече портпаролот на обвинителот во Минхен Кен Хеиндих додавајќи дека лицето не живеело во Баварија „Се води во тој правец", рече Хеиндих, додавајќи дека лицето не живеело во Баварија.
Еден од патниците кои лицето ги нападнало рано утрово на железничката станица во Графинг во предградието на Минхен почина од последиците на ранување.
Портпаролката на германската полиција Михаела Гроб претходно соопшти дека машко лице е уапсено и дека властите работат на утврдување на неговиот идентитет. Фатен е во близина на местото на настанот.
Германските медиуми наведуваат дека очевидците тврдат дека напаѓачот за време на нападот извикувал "текбир". Германските функционери укажаа и на можноста дека напаѓачот бил ментално пореметен.