Admir Fazlagic
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на Северно-атлантската алијанса (НАТО) Јенс Столтенберг, денеска преку писмено соопштение изјави дека по еден обид за формирање Влада, сега, во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот на Република Македонија, собрани се доволно потписи на пратениците и ги повика сите страни да се воздржат од своите изјави и дејствија, како и донесување одлуки за доброто на сите граѓани на Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението по повод последните политички настани во Македонија, Столтенберг бара одрживо решение за излез од долготрајната политичка криза во Македонија.
„На самитот во Варшава во јули 2016 година, НАТО ги повика сите политички лидери во БЈР Македонија за целосно спроведување на обврските од договорот од Пржино, како рамка за одржливо решение на политичката криза. Декемвриските избори во 2016 година беа забележани од страна на меѓународните набљудувачи како суштински чекор во решавање на кризата. Тие беа оценети дека се добро организирани и без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, сега е објавено дека, во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи на пратениците", вели Столтенберг во соопштението.
Во тој контекст, генералниот секретар на НАТО ги повикува сите страни да донесат одлуки кои се во интерес и за доброто на сите граѓани.
„Ги повикуваме сите страни да се воздржат во своите изјави и дејствија и да донесат одлуки за доброто на сите граѓани. НАТО останува посветен на членството на БЈР Македонија во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и сојузничките изјавите дадени на следните самити на НАТО, се завршува во соопштението на Алијансата", се вели во писмената изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.