Некоректно однесување на холандската полиција кон турската министерка Каја
„Јас ќе влезам во зградата на амбасадата. Вие ќе ми дозволите и јас ќе влезам во таа зграда. Сѐ додека вие не ми го дозволите тоа, јас сум тука. Не одам никаде“, рече Каја
Ekip
12 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
Ankara
АНКАРА (АА) – Министерката за семејство и социјална политика на Турција, Фатма Бетул Сајан Каја, по забраната за влез во турската амбасада во Ротердам и барањето од страна на полицијата да ја напушти Холандија, министерката Каја рече: „Јас ќе влезам во зградата на амбасадата. Вие ќе ми дозволите и јас ќе влезам во таа зграда. Сѐ додека вие не ми го дозволите тоа, јас сум тука. Не одам никаде“, јавува Anadolu Agency (AA).
Има видео-запис од разговорот на турската министерка Каја со претставникот на холандската полиција.
На снимката може да се види исказот на едно лице од холандската полицијата кое го знае турскиот јазик и кој на министерката Каја и се обраќа со зборовите: „Ние добивме наредба од министерството. Потребно е вие да ја напуштите Холандија. Дојдена е специјална екипа за вас, која ќе ве следи. Потребно е да не следите со вашето возило и да се вратите во Германија“.
На овие зборови на полицијата, министерката Каја реагираше со зборовите: „Јас ќе влезам во зградата на мојот конзулат. Вие ќе ми го дозволите тоа и јас ќе влезам во таа зграда. Сѐ додека вие не ми го дозволите тоа, јас сум тука. Не одам никаде“.
На овие зборови на министерката Каја, холандскиот полицаец изјави: „Доколку не заминете, ќе примениме поинакви опции. На пример, можеме да ве приведеме“.
„Направете што сакате“, рече турската министерка Каја, остро реагирајќи на зборовите на холандскиот полицаец, зборувајќи:
„За кратко, од тука ќе му се обратам на целиот свет. Сите ќе може да го види оваа антидемократско однесување на Холандија, нејзиниот став кон слободата на движење. Вие, во моментов ги прекршувате сите мои демократски права. Пред мене се наоѓа конзулатот на мојата земја и вие вие сте приморани да ми дозволите да влезам во објектот“.
Некоректно однесување на холандската полиција кон турската министерка Каја