АЛЕПО/АНКАРА (АА) - Се зголемува терористичката закана од ПКК насочена кон границата на Турција со Ирак и со Сирија. Покрај тоа што градовите Синџар и Африн им даваат засолниште на илјадници милитанти на ПКК, таму се обучуваат милитанти кои потоа се испраќаат на фроналните линии коишто би се користеле како бази, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ПКК се обидува да го зголеми своето присуство во северниот дел од Сирија, во градот Африн, кој е дел од подрачјето околу Алепо каде што пројавиле активности уште од 2011 година.
Африн, кој се наоѓа спроти турскиот град Хатај, е крајниот западен дел од областа врз која ПЈД, продолжетокот на ПКК во Сирија, сака да воспостави контрола долж сириско-турската граница.
Организацијата сака да оформи територија на тромеѓето Турција-Сирија-Ирак, започнувајќи од областа на Хасеки, преку западниот брег на Еуфрат, до градот Африн.
За таа цел, ПЈД/ПКК ги мобилизира своите милитанти во Африн, обидувајќи се од линијата Тел Рифат – Баб да се приближи до градот Мунбич. За таа цел, во последната недела се интензивирани нападите врз Умерената сириска опозиција и терористичката организација ДЕАШ.
Поради големото стратешко значење на Африн, ПЈД/ПКК подготвува милитанти за нови позиции во градот кој брои над 150.000 лица.
Според информациите што дописниците на АА ги добија од локалното население на Африн, Тел Рифат и Маре, терористичката организација под своја команда во Африн и неговата околина има околу 3.000 милитанти.
Организацијата, во име на „задолжителна воена обврска“, секој месец мобилизира околу сто лица од локалното население и ги испраќа југоисточно од Африн, во подрачјето Џиндерис на воена обука.
Закана за Турција од линијата Африн – Аманос
Во реонот околу Африн, близу турската граница, познато е дека има голем број утврдени упоришта на организацијата. Информациите до кои дошол дописникот на АА од турските безбедносни извори укажуваат дека организацијата северозападно од Џиндерис, во селото Раџу, има хеликоптерска писта.
Безбедносните извори истакнуваат дека порастот на бројот на милитанти и резервите со муниција на организацијата во Африн претставуваат растечка закана за внатрешната безбедност на Турција.
Искористувајќи ја структурата на теренот, терористите на ПЈД/ПКК од Африн се префрлаат во Турција преку планините Аманос, и повремено префрлуваат миниција.
Безбедносните сили спроведуваат засилена контрола на подрачјето околу границата.
„Втор Кандил“ во Северен Ирак
Терористичката организација ДЕАШ којашто ја зазеде областа Нинева во Ирак, со центар Мосул, подготви изговор за влез на ПКК на ова подрачје.
Во ноември 2015 година, во североисточниот дел од Ирак, во близина на подрачјето на Кандил, ПЈД/ПКК под своја контрола го зазеде местото Синџар во соседна Сирија, со помош на милитантите кои навлегоа во таа земја.
Свесна за големиот страв од заканата од ДЕАШ, организацијата ја искористи можноста и во руралниот дел на Синџар оформи воени кампови, со што ги регрутираше жителите на Синџар.
Овие единици организацијата ги именуваше како „Одбранбени единици на Синџар“. Тие бројат околу 2.000 лица и се под контрола на шиитските милиции на организацијата Хашди Шаби, со што ПКК оформи алијанса против Турција.
Покрај Одбранбените единици на Синџар, ПКК има уште 700 милитанти, кои од северниот дел на Сирија и од северен Ирак, од подрачјето Кандил ги доведе во Синџар.
Синџар се наоѓа на 100 километри од турската граница, а за организацијата има значење како подрачје блиску до границата, но безбедно од Турција поради теренот кој игра улога на тампон-зона“. Според локацијата, постои опасост тој да биде „втор Кандил“.
На 26 октомври, претседателот на Турција, Ердоган изјави: „(За терористичките организации) Сите се исти. Ќе продолжиме со нашата борба во Сирија и во Ирак. Во моментов, во местата Керкук, Мосул, Телафер, Синџар. Зошто? Затоа што Синџар е на пат да биде втор Кандил. Ние нема да дозволиме тоа да се случи со Синџар, бидејќи таму е ПКК“, посочувајќи ја оваа опасност.
ПКК во Синџар продолжува да прави пропаганда против Турција и Курдската демократска партија, чиј лидер е претседателот на Регионална влада на ирачките Курди, Месут Барзани.
Организацијата е загрижена за нивниот опстанок во Синџар по ослободувањето на Мосул од ДЕАШ. Затоа, преку образовниот систем и образовната програма во училиштата прави радикални притосоци врз населението, кое главно е составено од заедницата Језиди. Во училиштата се прави пропаганда за организацијата и за лидерот на ПКК, Абдула Оџалан.
Продолжетокот на ПКК во Синџар, Одбранбените единици на Синџар, под изговор дека им даваат поддршка на ДЕАШ, ги напаѓаат арапските села населени од сунити.