Jeyhun Aliyev
23 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Новоразвиените трифокални интраокуларни леќи нудат решение за луѓето со катаракта и со дефекти на очите, јавува Anadolu Agency (AA).
Озге Алтунбаш Ѓоктекин, извршна директорка на биотехнолошката компанија „VSY Biotechnology“, со седиште во Холандија, денес за АА истакна дека новите трифокални интраокуларни леќи можат да ги поправат дефектите на видното поле кај кратковиди и долговиди луѓе, како и кај оние кои страдаат од пресбиопија.
„Состојбата на видот се подобрува преку технолошкиот развој“, рече Ѓоктекин.
„Паметните леќи“ се развиени во Центарот за истражување и развој на компанијата во Истанбул, со одобрение на турското Министерство за индустрија и технологија.
Таа истакна дека со општествената свесност за новите решенија, ќе се третира катарактата и потребата за очила ќе биде елиминирана.
Ѓоктекин нагласи дека трифокалните интраокуларни леќи се развиени преку интензивни истражувања, како и со активности за развој на производството.
„Катарактата се карактеризира со губење на јасна слика, откако природните кристални леќи зад зеницата ќе ја изгубат транспарентноста и ќе станат непроѕирни“, рече таа.
„Причината која преовладува за појава на катаракта е староста, но болеста можат да ја предизвикаат и одредени други состојби како траума на очите, дијабетес, висок очен притисок и увеитис“, истакна таа.
Ѓоктекин, исто така потенцираше дека решение за катарактата е отстранување на природните леќи преку оперативен метод и нивна замена со интраокуларни леќи.
„Сега, трифокалните интраокуларни леќи можат да им овозможат на пациентите да гледаат на сите растојанија и, исто така можат да го лекуваат астигматизмот“, рече таа.
Според компанијата, „VSY Biotechnology“ е присутна со своите производи во 60 земји низ светот, а нејзиниот асортиман вклучува интраокуларни леќи, вискоеластици, кертринџи и инјекторски системи, како и интра-артикуларни инјекции со хилауронска киселина со висока молекуларна тежина што се користат во ортопедијата.