Emin Avundukluoğlu
06 Ноември 2016•Ажурирано: 07 Ноември 2016
АНКАРА (AA) – Најмалу 24 припадници на терористичката организација ДЕАШ убиени се во текот на нападите кои се изведени во текот на изминатите 24 часа во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Офанзивата Штитот на Еуфрат покрената е на 24 август на северот на Сирија поради неутрализација на терористичките закани со акцент на ДЕАШ и јакнење на безбедноста на сириско-турскиот пограничен појас. Со поддршка на Турските вооружени сили (ТСК), операцијата ја изведуваат сириските опозициски сили на Ослободителната војска на Сирија, а поддршка и пружаат и воздушните сили на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.
Генералштабот на турската војска соопшти дека во изминатите 24 часа се продолжени ударите на терористичките упоришта и уништени се вкупно 30 цели, меѓу кои и неколку бункери, складишта и база во местата Шудуд и Нуман на северот од Сирија.
Во нападите се убиени најмалку 24 припадници на ДЕАШ.
Во текот на последните акции загина еден а ранети се осум припадници на Ослободителната војска на Сирија.
Целта на операцијата е неутрализација на терористичките елементи на северот на Сирија.