Mümin Altaş
13 Октомври 2016•Ажурирано: 14 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, неутрализирани се 24 терористи откако коалциските сили извршија 9 воздушни напади врз терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили објавија дека продолжува операција „Штитот на Еуфрат“ и во 51 ден од нејзиното започнување на 24 август, со цел да се поддржат коалициските сили и да се зголеми безбедноста на границите уништувајќи ја терористичката организација ДЕАШ и другите терористички организации.
Во рамките на операцијата во областа Азаз-Раи, групата специјални единици составена од припадници на опозицијата, во голема мера успеа да ги стави под контрола населените места на Кафрах и Дувајбик, во источниот дел на Азаз, по еден интензивен пешадиски и воздушен напад. Продолжуваат напорите за целосна контрола врз регионот. Исто така, продолжуваат и активностите за чистење на мините и на рачно изработените експлозиви.
Во вчерашните борби биле повредени 6 припадници на опозициските сили, а пак единиците за поддршка немаат претрпено никакви штети или загуба на човечки животи. Од почетокот на операцијата, опозицијата успеа да преземе под своја контрола околу 132 населени места. Продолжува зајакнувањето на безбедносните мерки за контрола на преземената територија, која изнесува околу илјада и 100 квадратни километри.
Нападнати се 74 цели на ДЕAШ што претходно биле идентификувани преку разузнавачките служби и надзорот. Исто така, во неутрализацијата на идентификуваните цели помогнале и припадниците на Слободната сириска армија. Воените авиони на Турските безбедносни сили не се приклучија во воздушните напади, но тие беа во состојба на готовност.
Коалициските сили извршија 9 воздушни напади во Аршак, Суран и во Ихтималат, при што биле неутрализирани 24 припадници на терористичката организација ДЕАШ. Исто така, уништена е и една зграда што се користела како центар од страна на оваа организација.
Во исчистените области што беа под контрола на ДЕАШ, од страна на тимовите за пронаоѓање и уништување експлозивни материјали, беа уништени 13 рачни експлозиви, така што од почетокот на операцијата досега, уништени се вкупно 28 мини и 1.036 рачни експолозиви.
Од друга страна, на границата со Сирија продолжуваат операциите за разузнавање и надзор што се реализираат со помош на беспилотно летало.