Behlül Çetinkaya
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Шеснаесер рудари го загубија својот живот во експлозија на гасот метан која се случи во еден рудник за јаглен кој се наоѓа во пакистанскиот град Куета, јавува Anadolu Agency (AA).
Џавит Енвер, претставник на пакистанската влада, соопшти дека се случи експлозија во еден рудник во селото Маргат во Куета, главен град на пакистанската покраина Белучистан, при што животот го загубија 16 рудари, додека 9 рудари се повредени.
Претходно се случуваа слични несреќи бидејќи не се преземаат потребни безбедносни мерки во рудниците во регионот.