Mehmet Hatipoğlu
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
АЛЕКСАНДРОПУЛИС (АА) – По учество во обидот за воен удар, осумте војници - приврзаници на терористичката организација ФЕТО чиј лидер е Фетулах Ѓулен кои со воен хеликоптер пребегаа во Грција, денес се изведени пред јавен обвинител на судот во Александрополи, а потоа се префрлени во затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Со засилени безбедносни мерки пребегнатите офицери во зградата на обвинителството се однесени врзани за раце, а лицата ги прекриваа со маици.
Обвинителката во постапката Ана Никитопулу ги прочита обвиненијата кои се покренати против уапсените официри и тие потоа се префрлени во затворот Фереџек, а утре ќе бидат изведени пред кривичен суд.
„Против сите војници се води обвинение за илегално влегување во Грција. Против еден е покренато обвинение и за илегален лет, а против седуммина за учество во илегално летање", рече адвокатот на одбраната Мениа Полихрони.
Истакнувајќи дека обвинителот се откажа од покренување на обвинение за нарушување на пријателските односи на две соседски земји, Полихрони рече дека ќе побара првото рочиште да се пролонгира за 48 часа.
Полихрони исто така рече дека е отворена и можноста учесниците во обидот за пуч да отидат во некоја трета земја доколку Грција го одбие нивното барање за политички азил. Одбраната на пребегнатите турски офицери тврди дека офицерите од Турција избегале бидејќи биле изложени на животна опасност. Тврдат дека избегале бидејќи на нив бил отворен оган. Адвокатот не сакал да го открие идентитетот и чиновите на уапсените офицери.
Група од осум турски војнци во сабота наутро со воен хеликоптер пребега во Грција и слета на аеродром во Александрополис. Станува збор за учесници во обидот за државен удар кој ноќта претходно го иницираа припадниците на турските вооружени сили лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
Турција од Грција побара да и се испорачаат пребегнатите офицери, учесници во обидот за пуч, а хеликоптерот кој го користеа доцна синоќа е вратен на турската војска.