Erdal Türkoğlu
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
ХАТАЈ (АА) - Единиците приврзани со режимот на Асад во Сирија, во руралните подрачја на Латакија и Идлиб извршија напад во кој се повредени 11 лица, меѓу кои има жени и деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од локални извори, топовски единици на режимот ги гранатирале местата Кибани и Ен-Наџије, кои се наоѓаат во руралните области на Латакија и градот Џиср еш-Шугур, селата Бедеме и Сирманије во руралните подрача на Идлиб, кои се под контрола на опозицијата.
Во нападите се ранети 11 лица, меѓу кои и жени и деца. На ранетите им е укажана лекарска помош во полските болници во подрачјето.
Опозицијата на нападот од страна на силите на режимот одговорила со топовско гранатирање.
На 30 декември, под гаранција на Турција и Русија, во Сирија беше воведен прекин на огнот меѓу завојуваните страни. На состанокот во Астана, од страна на Турција, Русија и Иран беше договорено да се формира троен механизам со цел да се спречат понатамошните прекршувања на прекинот на огнот.