Ilkay Guder
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот Бинали Јилдирим, ја презеде функцијата премиер на Републкика Турција од Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот на пратеничката група на АК партијата во Големото народно собрание на Турција, Претседателот на АК Партија премина во Палатата Чанкаја каде што ја презеде премиерската функција од Ахмет Давутоглу. Примопредавањето на функцијата се одржа зад затворени врати и траеше околу половина час.
Бинали Јилдирим кој во 64-тата турска влада ја извршуваше функцијата на министер за транспорт, поморство и комуникации се очекува од Палатата во Чанкаја да премине во Владата каде што ќе изврши примопредавање на функцијата на новиот министер за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Арслан.