Fatma Esma Arslan
07 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
ПАРИЗ (АА) – Во напуштено возило во Париз пронајдени се 6 плински боци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од полицијата до француските медиуми се вели дека во близина на катедралата „Нотр Дам“, во паркирано возило на кејот на реката, пронајдени се 6 плински кујнски боци.
Истакнато е дека на возилото не се пронајдени регистарски таблички, па отпочната е истрага во која веќе се приведени неколку лица.
Исто така, во соопштението се вели дека од нападот врз „Шарли Ебдо“ во 2015, па наваму, загинаа вкупно 130 лица. Алармот за терористички напади во Франција е на највисоко ниво, а по нападот од 13. ноември 2015, теророт стана сериозна закана за Франција.
По нападот во Ница од 15. јули, во кој загинаа 85 лица, заканата од теророт стана највисока во француската историја, како никогаш претходно, се објаснува понатаму во соопштението.
Генералниот директор за внатрешна безбедност, Патрик Калвар, во мај беше предупредил на тоа дека можно е ДАЕШ да употреби автомобил бомба во своите напади.