Mustafa Keleş
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА)- Во американската федерална држава Калифорниа се случи вооружен напад во кој бројот на загинати е зголемен на 14, додека исто толку лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на американските функционери, 14-те ранети се префрлени во локалните болници. Полицијата исто така потврдила дека во вооружениот напад загинаа 14 лица, додека исто толку се ранети.
По дојавата, полицијата на местото на настанот упати голем број екипи. Од полицијата наведоа дека нападот го изведоа три напаѓачи кои со долги цевки плански упаднале во Центарот за лица со пречки во развојот.
По нападот, напаѓачите со црн џип избегаа од местото каде што се случи пукањето. Полицијата сеуште нема точни податоци зошто напаѓачите го извеле нападот во калифорнискиот Центар за лица пречки во развојот.
ФБИ соопшти дека сеуште не е познато да ли се работи за терористички напад. Портпаролот на ФБИ изјави дека полицијата ќе направи се за да ги уапси извршителите на нападот.
Полицијата трага по напаѓачите, а жителите за време на полициската акција се евакуирани од околните објекти.