Ali Bayaslan
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин денес остварија телефонски разговор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА од извори блиски на Канцеларијата на претседателот на Турција, Путин му честиташе на Ердоган по повод неговото стапување на чело на Партијата за правда и развој (АК Партија).
Ердоган и Путин исто така разговараа и за што побрзо преземање на чекори за унапредување на руско-турските односи, и за ситуацијата во Сирија.
Нагласено е дека формирањето на „зона без судири” во Сирија ќе придонесе за решавање на прашањата во оваа земја.