Kemal Karadağ
29 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
АНКАРА (AA) - По повод прославата на 93. годишнината на Република Турција, денес претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, положи цвеќе во Антикабир, маузолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (АА).
Во придружба на претседателот Ердоган беа и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман, премиерот Бинали Јилдирим, начелник на Генералштабот на Турција Хулуси Акар, претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели, претставниците на судските институции на Турција, членови на Владата на Турција.
По доаѓањето во маузолејот, Ердоган положи венец, со интонирање на химната на Република Турција, а потоа на Кемал Ататурк му е оддадена почест со едноминутен молк. Во текот на церемонијата, пред маузолејот беа присутни и голем број на граѓани.
Манифестацијата на одбележување на 29 октомври, Денот на Републиката, ќе биде продолжена со различни свечености во Турција, како и во Турската Република Северен Кипар. Годишнината на основањето на Република Турција ќе биде одбележана со свечени приеми во амбасадите на Турција во светот.
Секоја година, Турција го одбележува Денот на Републиката, 29 октомври, во знак на сеќавање на 1923 година кога е прогласена републиката.
Републиата ја прогласи Мустафа Кемал Ататурк, од кога Турција и официјално се нарекува Република Турција. Големото народно собрание на Република Турција потоа со гласање го избра Ататурк за прв претседател на Република Турција.