Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
28 Април 2016•Ажурирано: 28 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Руски воени авиони бомбарираа цели во населбата Келас во Алепо, која е под контрола на опозициските сили на Сирија, при што загинаа 17 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на екипите на цивилната заштита, Неџип Енсари, во изјава за АА рече дека руските авиони ја бомбардирале населбата Келас.
Во нападот животот го загубиле 17 цивили, а 45 се повредени, истакнал Енсари, додавајќи дека сѐуште има повредени цивили заробени под урнатините од бомбардирањата.
Синоќа еден авион на руските воени сили бомбардирал болница во пустината во населбата Сукери која е поад контрола на опозициските сили на Сирија, при што загинаа 30 лица, а 62 се повредени. Претходниот ден руските авиони ја бомбардираа областа на Етариб, каде е сместен центарот на екипите за цивилна заштита, при што загинаа пет лица, а центарот претрпе голема материјална штета.