Dildar Baykan
23 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) – Во Соединетите Американски Држави (САД) трае „шопинг-треската“ опишана како „Црн петок“ (Black Friday), кога има големи попусти на продажните места, јавува Anadolu Agency (AA).
Црниот петок секоја година се слави на четвртиот четврток од месец ноември како Ден на благодарноста. И оваа година „шопинг-треската“ започна од четврток навечер.
Во Њу Џерси и Њујорк илјадници луѓе направија долги редици пред малопродажните синџири, со часови чекајќи на студот да започне продажбата. Со отворањето на продавниците по локално време, некои продавници беа отворени во 17:00 часот, а некои во 18:00 часот, граѓаните навалија да ги купуваат производите што се на попуст.
Попустите за црн петок најмногу беа преферирани за електронските уреди.
Слични фотографии имаше и во Вашингтон.
Пред големите маркети и продавници имаше долги редици. Американскиот Национален метеоролошки центар објави дека на годинешниот Ден на благодарноста е забележана најниската температура на воздухот, дури од 1901 година.