İlkay Guder
08 Јули 2017•Ажурирај: 09 Јули 2017
ХАМБУРГ (AA) - Во рамките на Самитот на лидерите Г20, кој се одржува во германскиот град Хамбург, се состанаа претседателот на Република Турција Реџеп Таип Еродган и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот на Трамп и Ердоган во Центарот Месе во Хамбург е одржан зад затворени врати, а траеше повеќе од 20 минути.
Ердоган и Трамп се состанаа и вчера, на првиот ден од Самитот Г20, во текот на состанокот за глобалниот развој и трговија. На состанокот присуствуваше и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.