Fatjon Cuka
05 февруари 2016•Ажурирај: 05 февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Во главниот град на Албанија денес беше отворен Меѓународниот саем за туризам "Тирана 2016". Свеченото отворање на саемот се изведе во Палатата на Конгресите, каде што присуствуваше и министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво на Албанија, Арбен Ахметај, како и претставници на туристичките оператори, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот саем за туризам, кој ќе се одржи на 5-ти и 6-ти февруари беше инициран од страна на Албанската Туристичка Унија, со поддршка на Националната агенција за туризам на Албанија.
Министерот Ахметај рече дека ова е нова иницијатива со цел да се претвори во годишна традиција за промоција на туризмот во Албанија, но, исто така, и регионалните туристички пакети.
„Добрата вест е дека бројот на странски посетители во Албанија во 2015 година имаше значителен пораст. Исто така, се смени географијата на туризмот, денес очекуваме туристи од Источна Европа, Северна Европа или и од земјите на Заливот. Предизвикот е зголемување на квалитетот и гостопримството”, рече министерот за економски развој, туризам, трговија и претприемништво на Албанија, Арбен Ахметај.
Саемот има за цел унапредување на регионалната соработка во областа на туризмот на Западен Балкан и привлекување поголем број на туристи и инвеститори со цел да се зголемат приходите од туризмот.
Учесниците на саемот се важни туристички оператори од Албанија, Македонија, Косово, Италија, Грција, Црна Гора и др.