Recep Şakar
23 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
МЕЛБУРН (АА) - Северна Кореја ја предупреди Австралија дека слепо ги следи САД и дека тоа би можело да биде самоубиствен потег, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според северокорејската новинска агенција КЦНА оваа земја ја обвини Австралија дека слепо ги следи САД во наметнување нарестрикција и задушување на развојот на Северна Кореја.
„Ако Австралија продолжи да ги следи САД во изолирање и задушување на Северна Кореја, тоа ќе биде самоубиствен потег во однос на доменот на нуклеарниот удар на стратешките сили на Северна Кореја", пренесе севернокорејската агенција.
Министерот за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп изјави дека нуклеарната програма на Северна Кореја претставува закана за нејзината земја.
„Тешко е од Министерството за надворешни работи на земјата како што е Северна Кореја да се слушнат некои убави зборови. Но, кога сте овластен претставник на Министерството за надворешни работи, тогаш треба да се обрне внимание на зборовите", рече Бишоп.
Заменик-претседателот на САД Мајк Пенс, за време на вчерашната посета на Австралија, рече дека „доколку Кина не може да се справи со Северна Кореја, тогаш тоа ќе го направат САД и сојузниците".
Премиерот на Австралија Малком Турнбул изјави дека Северна Кореја претставува закана за неговата земја и укажа дека Кина на таа земја треба да се изврши поголем притисок.