Ekip
07 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ИСТОЧНА ГУТА / АНКАРА (АА) - Бројот на загинати лица во воздушните напади на источна Гута се зголеми на 74 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на Anadolu Agency (AA) во Источна Гута јавуваат дека режимските сили од утринските часови изведуваат интензивни воздушни напади.
Извори од Цивилна заштита (Бели беретки) изјавија дека во Ирбин загинаа 13, во Кефер Батна седум, во Хареста еден, во Дума 25, во Mисраба пет, во Земалка шест, во Хамурије четири, во Сакба три во Meдјере четири, во Хизе и во Џобар по тројца цивили.
Екипите на Цивилна заштита истакнуваат дека нападите сè продолжени, поради што стравуваат дека би можело да дојде до нови страдања на цивилите.
Во интензивните воздушни напади кои припадниците на режимските сили ги изведоа вчера до 17 часот загинаа 30 цивили.
Во Источна Гута живеат околу 400.000 цивили, а речиси половина од нив се деца. На состанокот одржан во Астана минатата година беше договорено Источна Гута да биде прогласена за деескалациска на зона.