Ekipa
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
ИДЛИБ (АА) - Во воздушен напад на бомбардерите на селото Кефр Батих, во сириското подрачје Саракиб загинаа 20 цивили, меѓу кои поголемиот дел деца, јавува Аnadolu Agency (AA).
Репортерите на АА од Идлиб јавуваат дека мета на нападот била група ученици што излегла од училиште.
Штом се слушнал звукот на авион, децата почнале да трчаат за да се засолнат, но и покрај тоа загинаа 16 ученици.
Раководителот на Цивилната заштита во Идлиб (Бели беретки), Мустафа Хај Јусуф, изјави дека во нападот загинале и три жени, а дека едно лице е рането.
Авијациското набљудувачко место при сириската опозиција на социјална мрежа соопшти дека руските бомбардери кои полетале од базата Хмејмим извршиле напади на Саракиб и околните села.
Екипите на Цивилната заштита се на терен. Во последните 11 дена во воздушните напади извршени во Идлиб и Хама загинаа 56 цивили, а 62 се ранети.
Советот за безбедност на ОН со одлуката донесена на 24 февруари побара воспоставување хуманитарно примирје во Сирија, а првенствено во Источна Гута.