Halit Süleyman
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
АЛЕПО (АА) – Во воздушен напад на регионот контролиран од опозициските сили на северот од Сирија, во градот Алепо загинаа 6 цивили, а 19 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Махмуд Алуш, одговорен за цивилна заштита во Алепо, за АА рече дека воен авион на руската армија извршил напад во вакуум-бомба на населено место во областа Мехшед, која е под контрола на опозициските сили.
Алуш потенцираше дека меѓу жртвите има жени и деца.
„Руските воени млазни авиони ги бомбардираат населените места, особено оние што се контролирани од опозицијата во Алепо“, додаде тој.
Алуш посочи дека екипите на цивилната заштита извлекле многу повредени лица од рушевините на куќите. „Настана пожар од некои работилници, куќи и коли. Екипите на цивилната заштита и пожарникарите интервенираа на местата“.
Режимот на Асад, под водство на САД и Русија, на 19 септември го прекина примирјето склучено од 12 септември и заедно со Русија започна да врши бомбардирања врз источните делови на центарот на Алепо, контролирани од страна на опозициските сили.
Од 19 септември, па досега, во овие напади загинаа 481 цивил, меѓу кои жени и деца, а 1.646 се повредени.