Kristina Maslareviç
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Припадниците на Службата за борба против организиран криминал прекинаа уште еден голем меѓународен ланец на криумчарење со наркотици, така што на граничниот премин Градина во камионот со новопазарски регистарски таблички пронашле 16,13 килограми хероин, изјави министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, јавува Anadolu Agency.
Тој додаде дека тоа е една од наголемите заплени на овој наркотик на територијата на Република Србија, а резултат на оваа реализација е повеќемесечната работа на припадниците на групата Службата за борба против организиран криминал.
"Полицијата уапси двајца државјани на Србија од Нови Пазар Е.И (1986) и С.У (1980). Се сомнева дека тие се дел од организирана криминална група која се занимава со криумчарење на наркотици од Турција во Србија, а тие, со кривичната пријава ќе бидат предадени на Обвинителството за криминал" , рече Стефановиќ.
Како што наведе, хероинот е спакуван во 15 пакети, а пронајден е во фабрички направени вдлабнатини во кабината на камионот, а " првите резултати од оваа анализа гооворат дека станува збор за хероин со одлична чистоќа, што значи дека пред уличната продажба можел да се помеша со други супстанци и масата да му се зголеми за четири до пет пати".
Стефановиќ истакна дека заплените на наркотиците во последните година и пол дена исклучиво пораснале и дека полицијата одзела повеќе од четири тони различни видови дрога и дека полицијата напорно и пожртвувано работи за да ја тргне дрогата од улиците и да ја одвои од децата.
"Спречувањето на трговијата со дрога моментално претставува една од најуспешните активности на полицијата гледајќи ги последните неколку децении. Само припадниците на Службата за борба против организиран криминал во текот на оваа година заплениле девет килограми кокаин, 38 килограми хероин, 65 килограми екстази и 107 килограми марихуана", рече Стефановиќ, министерот за внатрешни работи на Србија.