Sena Güler
11 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
ПАРИЗ (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега, Доналд Трамп, разговараа вечерва за време на вечерата што ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган пристигна во Париз каде на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува на церемонијата на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.
Вечерата ја организираше Макрон во чест на светските лидери кои дојдоа во Париз за да присуствуваат на настанот.
Седејќи еден до друг, Ердоган и Трамп имаа краток разговор.
По пристигнувањето во Париз, Ердоган се состана и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Состанокот зад затворени врати траеше 45 минути.
Во текот на дводневната посета на Париз се очекува Ердоган да има и билатерален состанок со неколку лидери, меѓу кои и со Трамп.
Мировниот договор е потпишан на 11 ноември 1918 година, и по тој повод Париз е домаќин на речиси 100 лидери на држави. Меѓу бројните лидери се очекува и присуство на рускиот претседател Владимир Путин.