Fatjon Cuka
31 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ДРАЧ (АА) – Во крајбрејжниот албански град Драч со билатерални средби на министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, започна првиот ден на средбата на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Баллкан, каде што присуствува и комесарот на ЕУ за Европска и соседна политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, јавува Anadolu Agency (АА).
По Самитот на Западен Балкан одржан во Виена на 27 август 2015 година, а во рамките на подготовките за Самитот што ќе се одржи во Париз во јули 2016 година, Министерството за надворешни работи на Албанија во Драч на 30-31 март 2016 година организира средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.
На овој состанок, освен комесаорот Хан присуствуваа министерот за надвореши работи на Република Чешка, Љубомир Заоралек, францускиот државен секретар за европски прашања Харлем Десир и италиjанскиот потсекретар за надворешни работи, Винцензо Амендола.
Во рамките на овој состанок, шефот на Албанската дипломатија, Дитмир Бушати одржа неколку билатерални средби без присуство на медиумите. Бушати се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, Државниот француски секретар за европски прашања, Харлем Десир и италианскиот потсекретар за надворешни работи, Винцензо Амендола.
Според Министерството за надворешни работи на Албанија, средбата на шефовите за дипломатија од Западен Баллкан, ќе биде можност за учесниците да ја оценат и да ја продллабочат понатамошната направена работа за регионалните проекти во врска со транспортот и енергетиката, во рамките на подготовките на Самитот за Западен Баллкан кој ќе се одржи во Париз во текот на јули.