Özcan Yıldırım
30 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, во Анкара се сретна со Рекс Тилерсон, министерот за надворешни работи на САД. На средбата е разговарано за напорите што се вложуваат за отстранувањето на терористичката организација ДЕАШ од Сирија, борбата против ФЕТО и за чекорите што Турција ги очекува од САД за испорака на нејзиниот водач Фетула Ѓулен, а беше договорено да продолжат интензивните контакти меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
- На дневен ред беа ДЕАШ и ФЕТО -
Според информациите добиени од владини извори, на средбата во официјалните канцеларии на владата, премиерот Јидирим и министерот за надворешни работи на САД, Тилерсон, зборувале за билатералните и за регионални прашања.
Теми на разговор биле напорите што се вложуваат за расчистување на ДЕАШ од Сирија, борбата против терористичката организација ФЕТО и чекорите што Турција ги очекува од САД околу испораката на Фетула Ѓулен, водачот на организацијата.
- Договорено е продолжување на интензивните контакти меѓу двете земји -
На средбата, меѓу другото, станало збор и за билатералните и регионалните прашања, и било истакнато дека треба да се зацврсти соработката меѓу двете земји.
По промената на администрацијата на САД, ова е првата официјална посета на Турција. На средбата е договорено двете сојузнички земји да продолжат со интензивните билатерални средби во наредниот период.