Fatih Hafız Mehmet
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со неговиот руски колега Сергеј Лавров, велат дипломатски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите кои зборуваа под услов да останат анонимни не дадоа информација во врска со содржината на разговорот на Мевлут Чавушоглу и Сергеј Лавров.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот руски колега, Владимир Путин, денес ќе одржат тет-а-тет средба.
За време на еднодневната работна посета на Ердоган во главниот руски град, Москва, двајцата лидери ќе разменат мислења за регионалните и меѓународни прашања, особено за Сирија, како и за билатералните односи меѓу Турција и Русија.