Rahmi Gündüz
15 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Во францускиот град Ница, синоќа беше извршен терористички напад во кој животот го загубија 84 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека во нападот кој се случил во Ница, животот го загубиле 84 лица, а околу 150 се повредени. По екплозијата стотици луѓе кои се спасиле од нападот, изјавиле дека се во шок и дека им е потребна психијатриска помош.
За таа цел и за повредените и за луѓето на кои им е потребна психијатриска помош, организирани се специјални единици во околните болници.
Вчера нападот во Ница беше извршен за време на прославата на државниот празник 14 јули, Денот на Републиката, во кој напаѓачот со камион со кој управувал, преминал преку илјадници лица.