Meryem Göktaş
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавувајќи дека Самитот на НАТО изминува ефикасно, истакна: „Имаме НАТО кое е многу помоќно од пред два дена“, јавува Anadolu Agency (AA).
По вонредниот состанок што се одржа последниот ден од Самитот на НАТО, Трамп приреди прес-конефренција на која истакна дека сојузниците направиле сериозно зголемување на трошоците во одбраната, почнувајќи од минатата година.
Трамп посочи дека по неговото стапување на функција, забележано е сериозно зголемување на трошоците, особено на полето во одбраната. Само минатата година, сојузниците за одбрана дале придонес од 33 милијарди долари, а се очекува во блиска иднина тој придонос да достигне 40 милијарди.
Претседателот на САД рече: „Имаме НАТО кое е многу помоќно од пред два дена“
- „Нема потреба од излегување од НАТО“
На прашањето на новинарите во случај на недоволно зголемување на трошоците во одбраната, дали САД ќе се повлечат од НАТО и дали е можно повлекување без одобрување од американскиот Сенат, Трамп одговори: „Мислам дека можам да го сторам тоа, но нема потреба. Нема да бидеме задоволни, доколку другите земји не го дадат својот придонес. Постоеше нелојален однос кон САД, но тоа се смени. Верувам во НАТО.“
Трамп рече дека САД се силно врзани за НАТО и дека на вчерашниот состанок во рамките на Самитот, направил „многу жесток говор“ во врска со трошоците во одбраната, додавајќи: „Имаме НАТО кое е многу помоќно од пред два дена“.
- „НАТО повеќе ѝ помага на Европа“
„НАТО повеќе ѝ помага на Европа отколку нам“, рече Трамп, и истакна дека откако сојузниците ќе ги исполнат своите обврски од 2% трошоци во одбраната, ќе се создаде потреба од зголемување на обврската за трошоци во одбраната во висина од 4%.
На прашањето дали сојузниците на НАТО се загрижени за средбата на Трамп со претседателот на Русија, Владимир Путин, американскиот претседател одговори: „Лидерите на НАТО ми се заблагодарија што ќе се сретнам со рускиот претседател Путин.“ Зборувајќи за Путин, Трамп рече: „Путин е мој противник. Дали ми е непријател? Не. Се надевам дека еден ден ќе стане мој пријател. Сѐ уште не го познавам доволно.“
Истакнувајќи дека при посетата на Велика Британија, една од главните теми на дневниот ред ќе бидат миграциите, Трамп рече: „Европската Унија (ЕУ) нека биде многу внимателна. Миграциите ја земаат Европа под контрола.“