Fatih Hafız Mehmet
12 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
ПАРИЗ (АА) - Најмалку три лица загинаа, додека десетици се повредени во експлозијата на гас во пекарницата во главниот град на Франција, Париз, јавува Anadolu Agency (АА).
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хосеп Борел, на својот профил на Твитер изрази жалење поради смртта на трите лица, меѓу кои и на една Шпанка.
Според вчерашното соопштение кое го објави париското Обвинителство, загинале двајца пожарникари, а 47 лица се повредени, меѓу кои 10 потешко.
Според наводите на полицијата, огнот зафатил зграда по експлозијата во пекарницата во улицата „Тревис“ во 9. париски округ.