Tezcan Ekizler
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ИЗМИР (АА) - Тезџан Екизлер - Со доаѓањето на зимата во „Сафари парк Измир“, сместен во близина на Измир, слоновите, жирафите, мајмуните, а особено лемурите добиваат посебен третман за време на ладните зимски денови и во нивните засолништа им се обезбедува соодветна температура, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сафари парк Измир“ се простира на 425.000 кавадратни метри на подрачјето Сасали кај Измир. Овој парк е дом за 1.500 животни од 125 видови. Паркот лете е голема атракција за домашните и странски туристи, а за тоа сведочи и минатогодишниот број на гостите на паркот. Имено, како што истакнуваат од управата на „Сафари парк Измир“, бројот на посетители достигнал милион.
Во текот на зимските месеци, управата и работниците на паркот имаат тешка задача, на сите животни да им обезбедат соодветна температура за да ги преживеат зимските студови.
Лемурите, слоновите, жирафите, мајмуните, лавовите, пумите се само некои од врстите видовите чии природни живеалишта се во топлите краеви, а со самото тоа не поднесуваат ниски температури.
Од оваа група особено се истакнуваат симпатичните примати лемури.
Природното живеалиште на овој вид е на островот Магадаскар и на Коморските Острови, каде што температурата за време на ладните месеци во просек не се спушта под 17 степени.
За да се одржат лемурите здрави, управата на паркот во нивните засолништа инсталираше посебни печки, со чија помош температурата се одржува меѓу 15 и 18 степени Целзиусови.
Директорот на паркот Шахин Афшин појасни дека животните за време на зимските месеци имаат исто така поразличен режим на исхрана. Им се дава храна со висока енергетска вредност, како сушени смокви и суво грозје. Кога станува збор за грабливците, Афшин истакна дека ним, за време на зимата, месните оброци им се зголемени за 20 отсто.