Kübra Chohan
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турската војска утрово ја заврши својата седма патролна мисија во северниот сириски град Мунбич, како дел од Договорот со Соединетите Американски Држави (САД) за расчистување на територијата од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена на официјалниот профил на Твитер, турскиот Генералштаб изјави дека силите на двете земји спровеле одделни координирани патроли долж линијата на разграничување помеѓу Мунбич и подрачјето кое турските сили го ослободија со претходната операција „Штитот на Еуфрат“.
Првите патроли од страна на турските и американските војници во регионот започнаа на 18 јуни.
Договорот за Мунбич, склучен помеѓу Турција и САД, се фокусира на повлекување на терористичката огранизација ЈПГ, огранок на терористичката ПКК, од северниот сириски град, со цел стабилизирање на регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК зеде околу 40.000 животи, вклучувајќи и жени и деца. ЈПГ/ПКК е нејзин сириски огранок.
Доколку моделот за Мунбич се докаже како успешен, Турција ќе изврши сличен аранжман во источна Сирија.
Присуството на терористички елементи во близина на турската граница претставува закана, и поради тоа Турција започна воени операции и други активности со цел расчистување на регионот од терористите.