Sarp Özer
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, на 9. конференција на амбасадорите во Анкара изјави дека безбедноста на Европа започнува од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Безбедноста на Европа започнува од Турција. Ако Турција не e безбеднa, ниту Европа не може да биде безбедна“, рече Јилдирим.
- На Турција не ѝ треба лекција по право -
„Она што нè повреди од страна на европските земји е тоа што по обидот за државен удар на припадниците на ФЕТО рекоа ,не ги напаѓајте дополнително пучистите' наместо гласно да го осудат. Такво нешто не може да биде. Прво ќе го осудите ударот без да се остави простор за сомнеж, а потоа целосно ќе верувате дека Турција е правна држава. На Турција не ѝ треба лекција по право, Турција своето право ќе го спроведува на начин на кој тоа го бараат универзалните услови", истакна турскиот премиер Јилдирим.
- Европа прави разлика меѓу терористичките организации, тоа е предавство за светскиот мир -
Јилдирим изјави дека Европа, пријател и сојузник на Турција, прави разлика меѓу терористичките организации и дека тоа е најголемото предавство за мирот во светот.
„Европа, која е наш пријател и сојузник, прави разлика меѓу терористичките организации. Кога станува збор за ПКК тогаш се толерантни, но кога станува збор за ДЕАШ тогаш не се. Да се прави избор меѓу терористичките организации е најголемото предавство кое може да му се направи на мирот во светот“.