Merve Yıldızalp
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турција ја водеше најголемата борба против терористичката организација ФЕТО под своето моментално раководство, изјави денес во Анкара турскиот престедател, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вистинската борба против ФЕТО е водена единствено во нашиот мандат“, рече Ердоган.
Тој во Анкара говореше за терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.
„Но, да ви кажам, и ние задоцнивме. За жал, ја плативме цената на тоа задоцнување“, рече Ердоган.
Осврнувајќи се на случувањата во декември 2013 година, насочени против министри и водечки бизнисмени, Ердоган рече дека ако Турција од тогаш не се борела против ФЕТО, и покрај опструкцијата на главната опозиција, обидот за државен удар во 2016 година би имал поинаков исход.
ФЕТО и водачот на таа терористичка организација, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа ранети.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, првенствено во војската, полицијата и законодавството.