Yeşim Sert Karaaslan,Özcan Yıldırım
11 Септември 2016•Ажурирај: 12 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Откако во рамките на истрагата на Министерството за внатрешни работи беа суспендирани 28 градоначалници во оваа земја, поради помагање и поддршка на терористичките организации ПКК и ФЕТО, сега на нивно место се назначени нови градоначалници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи стои дека претходно имало промена во Законот за oпштини, според кој на местото на суспендиранте градоначалници во рок од 15 дена треба да се именува други лица.
Така, во 28 општини во Турција, утринава во девет часот по локално време, стапија на функција 28 нови градоначалници.
Суспендираните градоначалници кои се обвинети за поддршка на терористичката организација ПКК се вкупно 24 лица, а четворица градоначалници се обвинети за поддршка на терористичката организација ФЕТО.
„Во демократијата и правната држава многу е важен одразот на волјата на граѓаните на локалната заедница. Сепак, кога општините ќе ги злоупотребат гласовите на граѓаните, кои плаќаат даноци, државата има обврска да преземе мерки против оние кои ѝ наштетуваат на волјата на луѓето”, се вели во соопштението на Министерството.
Меѓу општините во кои се поставуваат нови градоначалници се наоѓаат и градските управи во источните турски градови Хакќари и Батман.