Zuhal Demirci
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Министерство за надворешни работи на Турција го поздрави формирањето на новата влада на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека Турција го поздравува формирањето на новата Влада на Македонија.
„Го поздравуваме формирањето на новата Влада по општите избори одржани на 11 декември 2016 година во Република Македонија, земја со која сме имале пријателски односи од денот на формирањето на државата, земја чии независност, суверенитет и развој ги имаме поддржано. Ѝ посакуваме успех на новата влада, и посакуваме владата да биде во интерес на народот на пријателската и братска земја Македонија“, се наведува во соопштението.
Исто така, во соопштение се додава дека најискрената желба на Турција е по политичката криза новата влада да го врати мирот на народот на Македонија, како и да обезбеди стабилност, овозможувајќи единство во земјата.