Enes Duran
12 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Во водите на Егејското Море се почувствува земјотрес со интензитет од 6,2 степена, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сеизмолошкото одделение на Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД), денеска во 15.28 часот според локално време, забележан е земјотрес со интензитет од 6,2 степени во Егејското Море.
Земјотресот се случил на отворено море, на одалеченост од 22,98 километри од месноста Карабурун во околината на Измир, на длабочина од 6,96 километри.
Во текот на следните 30 минути беа регистрирани уште седум последователни потреси, од кои два беа со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Во Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД) е свикан кризниот штаб.