Ali Cura
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
КИЕВ (АА) - Примирјето во источниот дел на Украина, кое денес стапи во сила по повод празникот Велигден, прекршено е од страна на проруските сепаратисти, јавува Anadolu Agency (AA).
„И покрај примирјето кое стапи на сила на 1. април во 00:00 часот, руските окупациски сили, со користење на полесно вооружување во 10 наврати го нарушија примирјето” , се наведува во соопштението од украинската Команда за борба против тероризмот.
Нагласено е исто така дека украинските сили се придржуваат до примирјето.
Иако, уште во февруари 2015 година е потпишан мировен договор во Минск, кој предвидува прекин на судирите помеѓу проруските сепаратисти и украинските сили, регионот Донбас во источниот дел на Украина и понтаму е средиште на чести судири и кревко примирје. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово кршење.