Betül Yürük
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Од Обединетите нации (ОН) се соопштува дека утре во Женева ќе започнат преговорите за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, Џеси Шахин, на конференција за новинарите во седиштето на ОН во Женева рече дека преговорите ќе започнат во среда попладне, а еден дел од делегациите, кои ќе се приклучат на преговорите, ќе пристигнат на 12-ти и 13-ти март.
„Преговорите официјално ќе започнат утре, а Мистура, најважниот дел од преговорите ќе ги започне најдоцна до 14-ти март”, рече Шахин и додаде дека утре ќе се состане Работната група за прекин на огнот, од Меѓународната група за поддршка на Сирија.