Murat Ünlü
15 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека Владата прогласила тридневна национална жалост по синоќешниот терористички напад во Ница, во кој се убиени најмалку 84 лица, и дека се во војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето по итниот состанок на кој присуствуваше и францускиот претседател Франсоа Оланд во претседателската Елисејска палата, Валс порача дека се во војна и дека нема да се покорат на тероризмот.
Валс истакна дека тридневната жалост ќе започне в сабота. Освен тоа, потврди дека предлогот за продолжување на вонредната состојба во земјата пред парламентарците ќе биде наредната недела.
Според неговите зборови, мобилизирани се сите државни капацитети за жртвите на нападот и нивните семејства.
Валс потсети дека главниот обвинител на Париз започнал истрага во врска со овој напад и дека тој ќе даде повеќе информации.
Валс и претседателот, Франсоа Оланд, во текот на денот ќе заминат во Ница.
Загинаа најмалку 84 лица, меѓу кои и деца, додека 150 се повредени во терористичкиот напад во Ница, кој се случи доцна синоќа, кога камион удри во топла луѓе за време на прославата на Националниот ден - 14 јули.