Ivana Ramadanova
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Утрово непознати лица ја оштетиле фасадата, влезната врата и еден прозорец од објектот на националната установа Музеј на албанската азбука, со седиште во Битола, јавува Anadolu Agency (AA).
Од СВР Битола посочуваат дека настанот е регистриран и е поставено обезбедување на објектот со цел непречено да се изврши истрагата за овој случај.
„Според првичните информации, утрово во 4 часот, непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност (молотови коктели) и притоа ги оштетиле влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот“, информираат од СВР Битола.
Од таму велат дека повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации.