Ömer Aydın
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
СТРАЗБУРГ (АА) - Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ изјави: „Турција е клучен партнер на ЕУ во едно стратешко подрачје. Ние сме партнери, станува збор за тешко партнерство, но остваруваме соработка по голем број основни прашања. Имаме многу отворени, искрени и критички дијалози, кои понекогаш се конструктивни, а понекогаш пак се многу тешки", јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното собрание на Европскиот парламент (ЕП) беа поставени прашања за односите меѓу ЕУ и Турција, за преговорите за членството во ЕУ и за врските меѓу двете страни.
На Генералното собрание на ЕП е организирана сесија под наслов „Врските меѓу ЕУ и Турција“.
На отворањето на сесијата зборуваше Јоханес Хан, кој рече дека и двете страни не се задоволни од развојот на настаните. „На последната средба со турските колеги, со цел меѓусебните врски да бидат долготрајни, беше кажано дека е потребно тековниот тренд под итно да се сврти во друга насока“, рече Хан.
„Турција е клучен партнер на ЕУ во едно стратешко подрачје. Ние сме партнери, станува збор за тешко партнерство, но остваруваме соработка по голем број основни прашања. Имаме многу отворени, искрени и критички дијалози, кои понекогаш се конструктивни, а понекогаш пак се многу тешки“, рече Хан.
Кристијан Дан Преда, романски претставник во Европскиот парламент (ЕП), рече дека во Парламентот постојано се зборува за развојот на настаните во Турција и додаде „Оваа година, по третпат зборуваме за Турција. Всушност дојде време да се донесе одлука. Доколку ја отстраниме целта за членството во ЕУ, тогаш на нејзино место што ќе поставиме, каква цел ќе поставиме? Потребно е како ЕУ да донесеме одлука“, рече романскиот претставник во ЕП.
Известувачот на ЕП од Турција, Кети Пири, рече „Суспендирањето на членството во ЕУ, што е цел на турскиот народ, би било многу голема грешка“, истакнувајќи дека по ова прашање не треба да се дебатира од гледиште на популизам и омраза кон странците.
- „Денес, всушност, болниот е Европската Унија“
Едуард Феранд, француски претставник од Групата за национална и слободна Европа (ENF), критикувајќи го ставот на официјалните претставници на ЕУ, изјави „Пред еден век, зборувавме дека Турција е болниот во Европа, но сметам дека денеска, всушност, болниот е Европската Унија“.
Феранд, критикувајќи го ставот на ЕУ кон Турција, продолжи со следните зборови: „Ја поканивте Турција на преговарачка маса која нема никакво решение. Побаравте размена на бегалците од земјите-членки на ЕУ. Народот на Европа не ги сака вашите катастрофални проекти. Го згрешивте патот. Турција е голема земја, тој голем народ заслужува нешто поинакво од она што го предложивте. За периодот за кој се знаеше дека ќе му дојде крај, загубивте драгоцено време, и за ЕУ и за Турција“.
- Борба за збор меѓу германските претставници во ЕП
На сесијата на ЕП, на којашто тема беше Турција, можеше да се забележи натпреварот меѓу германските претставници во ЕП. Европратеникот Кнут Флекенштајн, кој е и заменик-претседател на Социјалдемократската група, истакна дека повикот на германската канцеларка Ангела Меркел за Турција не наишол на поддршка и додаде: „Не верувам дека на Самитот на лидерите на ЕУ (кој ќе се одржи следниот месец) ќе дојде до некаква одлука. Никој не ги поддржа критиките на Меркел“.
Друг германски преттставник во ЕП рече: „Кога би имале слични врски на овие со некоја друга земја, ставот на ЕУ ќе беше многу поостар. Против Турција не можеме да направиме ништо. Со ова, ЕУ паѓа во комична состојба“. Арне Герик го истакна ставот дека турските претставници постојано го споменуваат нацистичкото минато на земјата.
Француската парламентарка Мари-Кристин Вержиа рече дека Меркел го користи членството на Турција во ЕУ како алатка во својата предизборна кампања.
Ко-претседателот на групата на Зелените, Ска Келер, упати повик за економски санкции и додаде: „Имаме адут како што е Царинската унија и можеме овој адут да го користиме против Турција“.
Генералното собрание на ЕП во јули донесе одлука со којашто се предлага да се суспендира членството на Турција во ЕУ. За да им се стави крај на преговорите за членство, потребно е сите земји-членки да го поддржат предлогот.