Zuhal Demirci
27 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пред четирилатералниот Самит за Сирија кој денес ќе се одржи во Истанбул, а на кој ќе учествуваат Турција како земја домаќин, потоа Германија, Франција и Русија, Чавушоглу и Лавров остварија тет-а-тет, како и меѓуделегациска средба.
Главниот дневен ред на четирилатералниот Самит за Сирија ќе биде осигурување на примирјето во Идлиб, како и заедничките напори за политичко решение за кризата во Сирија.