ЊУЈОРК (АА) - Водачот на терористичката организација Фетулачи /Паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ), Фетулах Ѓулен ја моли американската администрација да го заштити и да не биде испорачан во Турција која го обвинува за подготвување и изведување на крвавиот обид за воен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Водачот на терористите на ФЕТО/ПДЈ, Ѓулен, во колумната објавена во весникот „Њујорк тајмс” наведе дека бил противник на воените удари во изминатите четири децении во Турција и дека, наводно, лично претрпел најголеми штети од тој удар.
„Во времето кога на западните демократии им беа потребни умерени муслимани, јас и моите пријатели во рамките на хизметот бевме секогаш со Западот”, порача Ѓулен.
Водачот на терористите на Паралелните државни структури, Ѓулен, во колумна којашто е своевидна порака и молба до администрацијата на претседателот Барак Обама, ја критикуваше политиката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на турскиот министер за правда, Бекир Боздаг.
Тој наведе дека и Америка треба да се спротивстави на настојувањето на турските власти да биде испорачан во Турција.
За време на крвавиот обид за воен удар на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во Турција, на 15 јули, загинаа 246 лица, а ранети се илјадници кои застанаа против пучистите.
Началникот на Генералштабот на турските вооружени сили, армискиот генерал Хулуси Акар за време на вчерашниот исказ во обвинителството изјави дека за време на заробеништвото, командантот на 4. Воздухопловна база Акинчи, генералот Хакан Еврим му понудил да го поврзе и да разговара со водичот Фетулах Ѓулен.
news_share_descriptionsubscription_contact
