Handan Kazancı
19 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
СЕУЛ (АА) - Властите на Јужна и Северна Кореја потпишаа важен Договор за воена соработка, со цел намалување на тензиите и превенција на инцидентни судири во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Јонхап“ (Yonhap) јавува дека јужнокорејскиот министер за одбрана, Сонг Јанг Мо и неговиот севернокорејски колега Но Кванг Чол, Договорот го потпишале во Пјонгјанг.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин престојува во историска тридневна посета на главниот град на Северна Кореја, а рано утринава изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун првпат се согласил да преземе конкретни чекори во правец на денуклеаризација, вклучувајќи го и трајното затворање на комплексот во Јонгбјон.
Ким Џинг Ун, пак, изјави дека Јужна и Северна Кореја се согласиле да го отстранат сето нуклеарно оружје и заканите од Корејскиот Полуостров.
Ким најави и посета на Сеул, што би било четврта овогодишна средба на лидерите на Јужна и Северна Кореја.