Ahmet Furkan Mercan
20 Април 2022•Ажурирај: 21 Април 2022
ТОКИО (АА) - Првиот товарен брод со нулта емисија на електричен погон ќе започне да плови во Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Целосно електричниот „Асахи“, долг 62 метри, ќе заплови во Токискиот Залив на крајот на април.
„Асахи“ може да прими повеќе членови на екипажот и предизвикува помалку бучава и вибрации во споредба со конвенционалните товарни бродови.
Товарниот брод, кој има капацитет на батерија од вкупно 100 електрични возила, во првата фаза ќе се користи за полнење гориво на поморските возила.
Компанијата „e5 Лаб“ сопственикот на производствениот проект на „Асахи“, кој има нулта емисии, во блиска иднина има за цел да развие електрични фериботи и реморкери.